Судијката Давиткова, која одби да го замрзне седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, ќе му суди на Мијалков во „Таргет и Тврдина“

by fokus 10:50
10:50

Судијката Ленка Давиткова, која заедно со уште двајца судии не дозволи да се замрзне партиското седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и го осуди Зоран Верушевски на три години затвор за поседување на службен пиштол, сега ќе им суди на обвинетите во случајот „Таргет и Тврдина“, неофицијално дознава „Фокус“ од судски извори.

Од Кривичниот суд истакнуваат дека не можат ниту да ја потврдат, ниту да ја демантираат информацијата, што е невообичаено, бидејќи досега не беше проблем соопштувањето на името на судечкиот судија.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Обвинението за масовното прислушување и уништувањето на опремата со која се прислушувало, минатата недела беше позитивно оценето, па сега по распоредувањето кај судечки судија ќе биде и закажан датум за првото рочиште.

Во овој случај, со обвинителен акт се гонат Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска и Никола Бошковски, а обвинителен предлог за овој случај, е поднесен против десет лица меѓу кои и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.

Разликата меѓу обвинителен акт и обвинителен предлог е тоа што предлозите се водат по скратена постапка и за нив се предвидени помали казни. Сепак во овој случај, заедно ќе им се суди на сите обвинети.

Мијалков со обвинителниот предлог се гони за три кривични дела и тоа за злосторничко здружување за што е предвидена казна од една до пет години, за злоупотреба на службената положба, за што е пропишана казна од шест месеци до пет години и примање награда за противзаконито влијание, кое се казнува со една до три години.

В.В.

Поврзани новости