Таравари: Хоспитализираните пациенти на Инфективна клиника се во стабилна состојба

by Fokus

Седумтемина пациенти од Гостивар, кои се хоспитализирани на Инфективната клиника, се во стабилна состојба, информира министерот за здравство, Арбен Таравари, кој во моментот е во посета на САД.

Инаку, денеска се очекува да биде познато од што починале двајцата мажи на возраст од 23 и 50 години. Лекарите се сомневаат во повеќе заразни болести кои се пренесуваат преку животни, меѓу кои хеморагична треска и туларемија.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера побараа оставка од Таравари, затоа што починале двајца пациенти од Гостивар.

Поврзани новости