Талат прво му ги исклучи микрофоните на Тевдовски, па му даде екстра минута од собранието

by Фокус

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, му ги исклучи микрофоните на министерот за финансии Драган Тевдовски, откако му истече времето предводено за обраќање во однос на извршување на Буџетот за 2017 година.

Сепак, откако Тевдовски беше упорен да го доврши говорот, Џафери му даде екстра минута од парламентот, која, министерот, меѓу другото, ја искористи да им се заблагодари на вработените во министерството.

Спикерот појасни дека не станува збор за персонален однос кон министерот, туку, истакна тој, се работи за почитување на правилата, процедурите и деловникот за работа на Законодавниот дом.

Поврзани новости