Таки Фити: Име за севкупна употреба е невозможно и неостварливо

by fokus

Претседателот на МАНУ, Таки Фити, денеска изјави дека име за севкупна употреба како што бара Грција е невозможно и неостварливо.

-Предлозите за името Република Македонија или евентуално име со географска одредница да се изговара како во македонскиот јазик и да се пишува само со латинско писмо, односно името на јазикот македонски да се пишува со латинско писмо и да се пишува како во нашата држава, се апсурдни и неиздржани, вели тој.

Според Фити, прифаќањето едно име за севкупна употреба, значи едно име и за меѓународна и за внатрешна употреба, би значело промена на Уставот, промена на имињата на институциите и ревизија на сите меѓународни договори во кои се користи уставното име на земјата, што според него е неостварливо.

Поврзани новости