Богоев за можен нов мандат како Гувернер: Ќе видиме

by fokus

Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов во вечерашното гостување на телевизија Телма не сакаше да открие дали би прифатил нов мандат.

-Седум години е долг период. Јас веќе 11 години сум во Народна банка, на ниедно друго место не сум се задржал толку. Ќе видиме, да не коментирам пред време.

Тој одговараше и за висината на неговата плата, за која рече дека не е деловна тајна, но не сака да се злопотреби.

-Имам најниска плата од сите гувернери од Европа. Платата е таа, висока е за наши услови, но нема да ја кажам да не се злоупотребува, рече Богов.

Поврзани новости