Судот не му дозволи на Тарчуловски да го напушти домот за да го следи обраќањето на Столтенберг во Собрание

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, останува во куќен притвор од каде ќе го следи обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јохан Столтенберг.  Судијата на претходна постапка Ненад Савевски од Основниот суд Скопје 1 не ја прифати молбата на Тарчуловски и одлучи да не го пушти да излезе од куќен притвор.

Во одлуката на судијата се цитира законска одредба според која лице со мерка притвор може да биде пуштено во случајов од дома само поради болест или поради немили настани во семејството.

Столтенберг утре ќе им се обрати на пратениците, а од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека ќе го прекинат бојкотот на Собранието за да го следат неговото обраќање од собраниските клупи.

Поврзани новости