Студентски пленум: СПУКМ со специјалци ги грабна гласачките кутии

by fokus

Од Студентскиот пленум информираа дека по завршувањето на терминот за гласање на студентски лидер, СПУКМ ги грабнале гласачките кутии, заедно со припадници на специјалните единици.

Четирите гласачки кутии се однесени во канцелариите на СПУКМ, иако според Статутот, гласовите треба да бидат преброени на гласачките места и не смеат да се изнесуваат.

-Пред 20 минути насилно беа украдени 4 гласачки кутии и беа донесени во канцелариите на СПУКМ. Во моментов сме тука, внатре се заклучени со неколкуте кутии. Во моментов ние повикавме полиција и ги покануваме медиумите да дојдат пред СПУКМ (кај студентскиот дом Кузман), стои во соопштението на Студентски пленум што го испратија преку Фејсбук.

Поврзани новости