Студентите ќе маршираат денеска во 12 часот

by Фокус

Студентскиот марш против најавените реформи во високото образование треба да започне точно напладне, од платото пред Универзитетот  „Св.Кирил и Методиј“. Според најавите, протестот треба да продолжи кон Владата и Собранието.

Студентите ги поканија сите средношколци, професори, колеги, роднини и пријатели да им се придружат на студентскиот марш, за заеднички како што велат да ја истераат правдата до крај. Тие добија поддршка од многу јавни личности.

Веќе неколку денови дел од студентите и средношколците се под постојани притисоци и закани, да не излегуваат на најавениот студентски протест, затоа што тоа ќе биде на нивна штета.

Поврзани новости