Стружани во среда повторно на протест за итна дислокација на дивата депонија

by Fokus

Стружани најавија нов протест во среда со кој ќе побараат депонирањето на отпад на оваа локација да заврши засекогаш, информираа од Граѓанската иницијатива „Доста е“.

Тие вчера се сретнале со хотелиери, еколошки здруженија, Здружението на адвокати, Здружението на пензионери, невладини организации, спортски клубови и школи,претставници на ограноците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Струга и други правни субјекти од Струга со различна етничка и верска припадност.

Велат дека од нив добиле безрезервна поддршка во сите акции.

„Сакаме да порачаме, политичарите како на централно, така и на локално ниво, да престанат да ја злоупотребуваат несреќната состојба на стружани за меѓусебни препукувања и себепромоција. За справување со оваа елементарна непогода, потребно е енергијата на сите субјекти да се насочи исклучиво кон решавање на проблемите“, велат од иницијативата.

Поврзани новости