Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Матс Стафансон.
Од СДСМ велат дека заеднички е констатирано дека новата Влада во Македонија мора да биде посветена на потребните реформски процеси, нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија.
-Се гордееме со резултатот, со пенкало и глас поразивме режим. Над 612.000 граѓани во Македонија се изјаснија за промени. Граѓаните, независно на која едничка заедница припаѓаат очекуваат подобрување на квалитетот на живот и примена на европските вредности во Македонија. На тоа се обврзавме во Планот за живот во Македонија и тоа ќе го спроведеме, рече Заев.
На средбата се разговараше за текот на политичките процеси во земјава, по реализираните предвремени парламетарни избори.