Спасовски: Членовите на Левица не биле приведени, туку легитимирани

by fokus

„Во врска со објавите на социјалните медиуми за приведување на лица кои протестирале денеска, сакам да инфoрмирам дека немаше случај на приведување. Лицата биле легитимирани. Истовремено сакам да ве информирам дека ќе бидат проверени сите информации за евентуална употреба на сила врз граѓаните кои протестирале. Детално ќе се испита случајот и ќе има соодветна информација за јавноста“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на Фејсбук по реакциите во јавноста околу веста дека четворица членови на Левица биле приведени од полиција бидејќи протестирале против американската војска.

Од партијата Левица велат дека полицијата потпомогната од АРМ насилно ги задржала демонстрантите и ги спречила слободно да се движат, откако претходно во центарот беше најавна презентација на воена опрема на САД и на АРМ. Демонстрантите кај ГТЦ сакале да истакнат транспарент „Против војната за профити!”.

Поврзани новости