Советниците на ВМРО во Куманово ставија знамиња во шишињата со вода и ја напуштија седница на советот

by Фокус

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија од Советот на Општина Куманово денеска ја напуштија третата седница во знак на револт за притворањето на членови на нивната партија за крвавите настани од 27 април годинава.

-Сведоци сме дека се врши притворање на луѓе околу нас кои размислуваат поинаку од актуелната власт и апсурдно е во такви услови ние тука да разговараме за буџети или да разгледуваме финансиски извештаи за работа на јавните претпријатија – рече Драган Петковски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателката на советот, Атина Мургашанска, го опомена Петковски дека местото за такви дискусии и излагања не е во Советот на Општина Куманово, туку на партиски прес конференции, по што сите 11 советници од ВМРО-ДПМНЕ во шишињата со вода ставија знаменца на Република Македонија и ја напуштија седницата.

Поврзани новости