Советниците на Град Скопје ќе гласаат за донација за споменик од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушорадци

by Фокус
Советниците  град Скопје на денешната седница треба да гласаат за одлуката за примање на донацијата за нов споменик од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушорадци од Лерин во Македонија.

Станува збор за спомен-обележје на Македонците-бегалци од граѓанската војна во Грција во 1948 година, кој најверојатно ќе биде поставен на кејот „13 ноември“, во близина на хотелот Холидеј ин.

Споменикот ќе биде од бронза и ќе биде поставен на постамент од 1,5 метар. Засега не се кажува кој е авторот на ова спомен-обележје, ниту, пак, колкава е вредноста на донацијата.

 

Поврзани новости