„Тав Македонија“ денеска ги отвори петте нови линии со „Визер“

by Фокус 11:40
11:40

Со првиот лет до норвешката престолнина Осло, рано утрово во шест часот, како и со првиот лет до јужногерманското гратче Фридрихсхафен попладнево во 13 часот и 30 минути, ТАВ Македонија ја почна неделата во која ги отвора петте нови линии Осло, Фридрихсхафен, Барселона, Нинберг и Хамбург со нискобуџетната авиокомпанија ,,Визер”.

– Со почетокот на летото ,,ТАВ Македонија’’ им приредува уште едно пријатно изненадување на патниците на аеродромот Александар Велики. Петте нови дестинации со авиокомпанијата ,,Визер’’ до Осло, Фридрихсхафен, Барселона, Хамбург и Нинберг, се одлична прилика за сите оние кои сè уште не се одлучиле каде да го поминат одморот. Се разбира очекуваме и доаѓање на туристи и бизнисмени на овие линии, како и полесно и почесто доаѓање во татковината на нашите сограѓани што живеат во овие и околните земји. ,,ТАВ Македонија’’ е целосно посветен на пружање добар сервис на нашите патници – истакна Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

- Advertisements -

Поврзани новости