Советници од ВМРО-ДПМНЕ на распит поради протестот пред домот на Ременски

by fokus

Советници на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош, биле повикани во полициска страница на распит во врска со протест пред домот на пратеничката, Фросина Ташевска Ременски, во неделата. Против нив е поднесена кривична пријава за сторено дело насилство.

Како што велат од МВР се постапува по наредба на јавен обвинител во насока на собирање докази.

Советникот Тони Јаревски за медиумите изјави дека станувало збор за протест кој не се одвивал пред домот. Според него, се протестирало 15 минути и се испеале три песни.

-На протестот не можеше да стане збор за никакво вид на насилство. Протестот беше на самата улица. Ние не ја видовме ни куќата, не ја видовме ни пратеничката – изјави советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Тони Јаревски.

Пред домот на Ременски и пред домот на уште неколку пратеници од СДСМ, изминативе денови се протестираше поради донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Ременски тврдеше дека демонстрантите извикувале погрдни зборови, навреди и закани кон неа и нејзиното семејство. Според неа, зад протестот стои општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости