Сообраќајот на патот Тетово-Шапка се одвива по една лента

by fokus

Сообраќајот на патниот правец Тетово-Попова Шапка поради одрон на патот сообраќајот се одвива по една лента, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, додека на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби. Воедно, препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поврзани новости