Собранието им го одзема пратеничкиот имунитет на Мукоски, Арнаудов, Тарчуловски, Василевски, Пешевска, Димовски

by Fokus

Со 67 пратеници „За“ Собранието го одобри барањето на Основниот суд Скопје за одобрување на притвор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски.

Исто така со 66 гласа „За“ Собранието го одобри барањето за притвор и на Љубен Арнаудов.

Со истиот број на гласови Собранието го одобри барањето за притвор и за пратеникот Јохан Тарчуловски.

Собранието го одобри барањето за притвор и за пратениците Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.

Поврзани новости