Собранието блокирано, никој не знае што се случува во прес центарот

by fokus

Дел од демонстрантите влегоа во Собранието по што се обидуваа да влезат во прес салата каде што се пратениците на СДСМ и ДУИ, како и новинарите. Од последните снимки се виде како лица со фантомки ги напаѓаат пратениците на СДСМ и ДУИ. Повреден е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и Дамјан Манчевски и Максим Димитриевски.

По последните снимки, никој не знае што се случува во моментов дека прес центарот каде се заробени пратениците на СДСМ и ДУИ од страна на лица со фантомки. Според неофицијални информации, најповреден бил Зијадин Села кој крвав бил влечен низ демонстрантите.

Поврзани новости