1.2K
Во Македонија ќе се штитат лицата кои пријавуваат корупција, таканаречени whistle-blowers, ова го предвидуваат промените на Законот за спречување на корупцијата кој веќе се наоѓа пред пратениците.
Ако во Хрватска овие луѓе ги нарекуваат свиркачи, во Македонија ќе се именуваат како укажувачи. Според законот укажувачот може усно или писмено да пријави корупција или друга незаконитост и не е должен притоа да ја докажува вистинитоста на своето тврдење. Нему ќе му се гарантира заштита, анонимност и доверливсот до степен кој тој го бара.
Укажувачот ќе може да ја пријави корупцијата внатре во институцијата од јавниот сектор, за која се сомнева дека е дел од незаконити дејствија, а ќе може и директно во Антикорупциската комисија.