Откако со боја го исцртаа асфалтот, демонстрантите на крајот на денешниот собир, распалија и факели пред Собранието. Претходно, со валјаци на улицата со огромни букви испишаа: ОЈО вашето време истече, СЈО o’ clock!
Од говорницата пак, долгогодишниот адвокат по кривично право, Ѕвонко Давидовиќ и младиот активист на Шарената револуција, Александар Младеновски порачаа дека народот нема да дозволи да се укине Специјалното јавно обвинителство. Тие ги повикаа пратениците да ги прифатат барањата на Катица Јанева и сите институции да ги достават доказите потребни за работата на СЈО за да нема двојни аршини и селективна правда.
„Шарените” по три месеци пауза денеска се реактивира за поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство.
Фото: Твитер