На планинскиот превој Ѓавато изутрина во седум часот е укината забраната за тешки товарни возила. Од шест часот изутрина повторно е во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово – Дебар, поради снежната лавина што падна синоќа околу 18 часот кај Бигорскиот манастир, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато. На патот Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашаст снег, по интервенција на дежурните служби.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.