Претседателот на локалниот клуб на СДММ – Тетово, Даријан Сотировски е именуван за директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, дознава Плусинфо. Именување се случило на денешната владина седница.
Дваесет и шест годишниот тетовец е магистер по право и четири години работи како приправник во адвокатска канцеларија. Тој е долгогодишен член на СДСМ и е активен во процесот на денационализација на црковниот недвижен имот во Тетово и тетовско. Во неговата биографија стои и дека по негово залагање веќе неколку години е обновена традицијата да се искажува почит кон ликот и делото на преродбеникот Кирил Пејчиновиќ, игумен на Лешочкиот манастир, на денот на неговиот помен, како во Тетово така и во с. Лешок.
Сотировски доаѓа на столчето на Валентина Божиновска, која Владата ја разреши во август лани. Божиновска јавноста ќе ја памети по говорот во кој повика на „ноќ на долги ножеви“ пред Државната изборна комисија