Скопјани маршираат за почист воздух: „Нејќам згради, сакам парк“

by fokus

Попладнево во Скопје се одржува марш за почист воздух. Маршот го организира Коалицијата за чист воздух О2 и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, заедно со уште 18 невладини организации.

Граѓаните се собраа пред Владата од каде преку булеварите „Илинден“ и „8 септември“, се приклучија на граѓаните од „Ние сме Карпош 4“ и „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ кои протестираат против уништувањето на зеленилото во општината. Се извикуваше паролата „Нејќам згради, сакам парк“.

-Секоја ноќ штом зајде сонцето воздухот почнува да смрди. Мириса на хемикалии, мириса на изгорена пластика. Воздухот смрди секоја вечер, миириса на профитот на некои луѓе, истакна активистот Ѓоко Парго.

По протестот започна потпишувањето на Петиција за стопирање на градбите во општина Карпош и за зачувување на зелениот појас долж реката Вардар.

ФОТО: НОВА ТВ

Поврзани новости