Скандалозен распоред во Основниот суд: Контроверзни судии наместени да одлучуваат за предметите на СЈО

by fokus

Новиот претседател на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев, денеска го донесе новиот годишен распоред на судиите од овој суд, дознава Актуелно.мк.

Во него, експретседателот Владимир Панчевски и судијките за кои Специјалното обвинителство покрена постапки за разрешување, Елена Јосифовиќ, Александра Поп Стефанија и  Лидија Петровска ги распоредил во одделот за организиран криминал, како судии во претходна постапка.

Панчевски освен што ќе води истраги, ќе раководи и со Кривичен совет во кој ќе учествуваат и судиите Љубинка Башеска, која пред да биде повлечено обвинението го одложи „Пуч“ на неопределено време, само за да не го повика единствениот тогашен сведок на СЈО Никола Груевски. Во Советот, кај што ќе треба СЈО да се жали за одбиените мерки притвор и мерки за обезбедување присуство, ќе членува и судијката Лидија Петровска, која по објавувањето на бомбите стана позната како „сваровски судијка“.

Рибарев, за свој заменик ја именува Славјанка Јанковска, судијката која со само еден потпис ги отфрли таканаречените “бомби” како индиции за постоење на сериозен криминал и корупција и со тоа спречи истраги за високи државни функционери.

Судијката Моника Бахчованоска, која не пресуди ниту една телевизија за прекршувања во екот на изборната кампања, се најде на првото место во Одделот за полнолетни, а таму е и името на судијката Софија Лаличиќ чиј што глас, исто така, можеше да се слушне во таканаречените “бомби” на Заев.

Поврзани новости