481
Специјалното јавно обвинителство до Судот достави предлог за определување на мерка притвор за едно осомничено лице во случајот „Трезор“, кој денеска беше презентиран во јавноста.
Како што соопштија од СЈО, се бара притвор поради опасност од бегство, постоење на основан страв дека лицето ќе ја попречува кривичната постапка и постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека лицето ќе го повтори делото.
За останатите три осомничени лица во „Трезор“, СЈО предложи определување на мерки за претпазливост, со кои е побарано од Судот да ги одземе патните исправи на овие лица. До Судот поднесено е и барање за донесување на привремена мерка- забрана за користење и располагање со трансакциската сметка на правнато лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.