Шилегов: Нема преговори додека не се поништи аболицијата

by Фокус

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска на прес конференција порача дека додека не се повлече одлуката за аболиција не може да продолжат преговорите меѓу политичките партии.

-И ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ многу брзо во Собранието треба да се изјаснат за поништувањето на аболицијата. Додека целосно не се поништи нарачаната аболицијата од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не може да стане збор на враќање на политичкиот дијалог, изјави Шилегов.

Што се однесува до шпекулациите што ги објавија одредени провладини медиуми дека СДСМ е подготвена да се откаже од аболицијата за да влезе во владата, Шилегов рече дека тоа е само спин.

-Никола Груевски може само да сонува дека ќе прифатиме аболицијата да остане. Аболицијата ќе се поништи и ние знаеме дека тоа е најголемиот кошмар на Груевски, рече Шилегов.