Селмани: Не можам да ги разберам оние кои велат дека немаат ништо против Албанците, ама имаат против Законот

by fokus

Имер Селмани во вечерашното гостување на Топ тема на телевизија Телма рече дека не може да се тврди дека „Ние ве сакаме и почитуваме, ама сме против унапредување на вашите права“.

-Начинот на донесување, никогаш не било лесно ни минатите пати кога се носеа закони за јазикот. Јас не можам да разберам од многу луѓе кои се сметаат за интелектуалци, кои тврдат дека не се против Албанците и албанскиот јазик, меѓутоа не се согласуваат со постапката. А, ве молам, а кој ја кочи постапката? Кој поднесе 35.000 амандмани? Некој ќе ми каже дека поднесени за да се поправи текстот и содржината? Па сигурно не. Беа поднесени исклучиво да се блокира Законот, рече Селмани.

Поврзани новости