Се запали македонски автобус во Грција, патниците се безбедни

by fokus

Автобус на една македонска туристичка агенција претпладнево се запали во Грција на пат кон Халкидики, при што нема повредени патници, пренесе МИА.

Патниците за среќа безбедно го напуштиле авотбусот пред целосно да изгори, објавија грчките медиуми, а пожарот го гаснеле 15 пожарникари со пет противпожарни возила.

Засега не е позната причината зошто настанал пожарот.

Поврзани новости