ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со економските лекции што ги држат Кочо Анѓушев и Владата предводена од СДСМ за санирањето на штетите предизвикани од криминалното владеење на Никола Груевски и затоа секојдневно измислува нови, надградени и проширени лажни вести, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека новиот економски план ќе донесе отпуштања.
-Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со спроведувањето на владиниот План за економски раст кој обезбедува услови за развивање на стабилна економска клима, привлекување на домашни и странски инвестиции и отворање на нови подобро платени работни места. Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие економскиот пустош што опозициската партија го направи само за да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски и неговите соработници. Граѓаните ги казнија криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ на централно, а на претстојните избори и на локално ниво, со што ќе стават крај на лажните вести и погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.