СДСМ: Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата беше симбол на криминал

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбата во инфраструктурата особено што токму таа партија остави пустош во инфраструктурата и нанесе огромни штети врз буџетот, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека новата Влада не знае да ги заврши проектите почнати од ВМРО-ДПМНЕ.

-Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата беше симбол на криминал, неспособност и корупција. Покрај бројните пропусти во изградбата на автопатите, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ е директна причина и за тоа што пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија – Смоквица беше одложувано двапати, прво во септември 2016 година, а потоа во мај 2017 година. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи за цели пет години, Владата предводена од СДСМ го стори за неколку месеци. Завршени се сите потребни процедури, автопатот е целосно завршен и ќе биде пуштен во употреба веќе во текот на следниот месец, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости