СДСМ: Груевски купил два телевизора за неверојатни 900 илјади евра

by Фокус

За два месеца Никола Груевски троши неверојатни над 900.000 илади евра пари на граѓаните за реклами на неговите виртуелни политики, објави СДСМ.

-Минатиот месец, на 30 октомври, Груевски склучил договор за ЛЕД екран и негова монтажа од околу 340.000 евра. Овој месец, на 17 ноември распишан е нов тендер за нов ЛЕД екран тежок неверојатни над 520.000 евра.

Ден подоцна, на 18 ноември објавен е уште тендер за монтажа на половина милионскиот ЛЕД екран. За тоа Груевски ќе извлече од граѓаните уште 58.000 евра народни пари.

Ова се случува додека 1.000 рударски семејства месецов останаа без егзистенција, над 180.000 граѓани живеат со 40 денари на ден, примателите на социјална помош живеат со 22 денара на ден, а половина милион граѓани на Македонија живеат под линијата на сиромаштија, се наведува во сооптешнието на СДСМ.

Поврзани новости