САД предупредува, можни се терористички напади за Велигден во Косово

by fokus

Амбасадата на САД во Косово ги предупреди своите државјани на зголемен ризик од терористички напад на Косово, посебно за време на велигденските празници.

Како што стои на сајтот на амбасадата во Приштина, американските државјани треба да бидат повнимателни за време на настаните поврзани со православниот и католички Велигден.

Во предупредувањето се нагласува дека екстремистите продолжуваат да се фокусираат на терористичките локации, трговските центри, баровите, верските објекти и другите „лесни“ мети“.

Предупредувањето е издадено вчера, два дена по апсењето на деиректорот на Канцелариајта за КиМ, Марко Ѓуриќ.

Поврзани новости