Родител обвини дека му го изгубиле бебето и кршел на Клиника, Клиниката најавува тужба

by fokus

Откако Сител објави изјава на родителот Јован Волчев од Скопје во која тој тврди дека на скопската Клиника за гинекологија му го изгубиле бебето, директорката на Клиниката, Викторија Јовановска во изјава за Фокус најавува тужба за родителите поради давање лажна изјава и вознемирување на персоналот.

-На родителот на му беше дозволено да го види бебето, бидејќи има процедури кога смее тоа да го направи, а не кога ќе посака. Тој веќе два пати го виде своето бебе. Откако му беше кажано дека според процедурите на Клиниката во тој момент не може да го види бебето, тој почна да крши се околу себе и го вознемири целиот медицински персонал, вели директорката Јованоска.

Од Министерството за здравство рекоа дека ќе го испитаат целиот случај и потоа ќе излезат со реакција.

Поврзани новости