Респект, Повик, Апел

by Fokus

Пишува: Д-р Антонио Георгиев

На 27. 04.2017. година бевме сведоци на животна драма со ТВ пренос и тоа директно од конференциската сала на парламентот на Р. Македонија. Претседателот на СДСМ, Г-ин Заев со пратениците од новото парламентарно мултиетничко мнозинство, пред очите на сите нас, борејќи се буквално за сопствениот живот всушност се бореа за животот на сите граѓани на Република Македонија.

РЕСПЕКТ!!!!!!!!

Повик до нацијата!!! – Последниве месеци постојано говорев, пишував и повикував до сите граѓани на Р. Македонија на одважност, трпеливост и воздржаност. На мир и разум. На поделбите, провокациите и обидите за нарушување на мирот да одговориме со смиреност, доблесност и соживот. Немирите не се решение за демократијата. Осветата не води кон правда. Парттиите да покажат поголема сензитивност за актуелната состојба. Граѓаните покажаа дека се помудри од политичарите. Да го потврдиме тоа и во овој тежок период за сите нас. Затоа повторно, ПОВИКУВАМ: Да се обединиме во различностите!!! Да се обединиме во заедничкиот и обединувачки мултиетнички интерес за мир, демократија, владеење на правото и правдата, подобро општество и животен стандард и членство во ЕУ и НАТО. Без разлика на партиска, верска, национална, религиска и друга припадност, “Да излеземе уште пообединети од оваа криза.”

Апел до Иванов, Груевски!!! – Во последниве два месеца во сите мои колумни постојано апелирав кон нив за разум, државничко размислување и одговорност во нивните одлуки. Мирно, достоинствено и одговорно да ја прифатат реалноста. Да ги надминат личните предрасуди. Бидејќи се декларираат како конзервативци, демохристијани, сега ми останува да апелирам до Бога во нив и човечност доколку им останала. Апелирам да се освестат. Да не ослободат од погубниот националистички филм во кој се влезени. Поради нивната одговорност да не нe влечат сите нас два милиона граѓани во понор. Прифатете ја подадената рака на меѓународната заедница. Имајте почит кон сите предци кои се втемелени во нашата Македонија. Имајте почит и кон нас живите во Македонија кои сакаме мир, демократија и економски просперитет. Апелирам да овозможете мирен трансфер на власта.

Ослободете ја индината на сите граѓани на Република Македонија.

Поврзани новости