ВИДЕО Заев: ОБСЕ ќе помогне во реформите за стабилизација на државата

by fokus

СДСМ како партија од парламентарното мнозинство, стои целосно на располагање и потврдивме офцицијално барање од нас да се вклучи ОБСЕ и да помогне во сите идни процеси, а се во функција да се забрзаат процесите на стабилизација и нормализација на нашата земја, изјави Зоран Заев, лидерот на СДСМ по средбата со претставници на ОБСЕ.

„Заврши состанокот со високи претставници на ОБСЕ преку амбасадорот од Виена, кој доаѓа од мисијата за превенција на секаков вид на кризи и ризици. Занете дека последните настани за жал, испратија лоши пораки до целиот свет за тоа што се случува во Македонија и нормално, во едно мултиетничко општество ОБСЕ отвори иницијатива за да биде од помош за нашата земја. Ние одржавме состанок со нив и ги дадовме сите наши погледи околу очекувањата за случувањата во периодот што претстои пред нас како поука или извлечен заклучок од она што веќе се случи во Македонија“, изјави Заев по средбата со претставниците на  ОБСЕ.

Тој додаде дека ОБСЕ може да биде од голема помош во реформите во државните институции, во правосудството, во тајните служби, во МВР, па дури и во реформите во медиумите.

„Можат да бидат од голема помош за стабилизација на земјата, за функционирање на институциите и гаранција дека никогаш повеќе нема да се случат вакви настани“, изјави лидерот на СДСМ.

 

Поврзани новости