Ременски на Фејсбук: Од вечерва сум и Албанка, Турчинка, Ромка, Босанка, Влаинка и Србинка

by fokus

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски, на својот фејсбук профил, објави фотографии од членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска протестираа пред нејзиниот дом, извикувајќи навреди и закани кон неа и нејзиното семејство. Според Ременски на чело на протестот бил  поранешниот и сегашниот претседател на ОК Карпош, Сашо Лазаревски и Тони Јаревски, актуелен советник во Карпош.

„Заедно со позната група на партиски активисти вечерва “протестираа” со отров во устата и душата пред мојот дом. Нема да чекам никој да поднесе кривична пријава. Тоа ќе го направам јас лично со се што поседувам како доказ за кажаното.  Тој фашизам и безобразлук ќе си го практикувате дома, зошто кај мене нема да ви помине. Од вечерва сум и Македонка, и Албанка, и Турчинка, и Ромка, и Босанка, и Влаинка и Србинка …, викајте ме како сакате, затоа што знам дека, им сакам добро на сите без разлика на вера и етничка припадност. Вие сте вистинските и упорните гробари на иднината и мирот на земјата и верата во која се колнете!“, порача пратеничката.

Поврзани новости