Приведени се уште тројца за крвавите настани во Собранието

Единицата за насилен криминал во СВР Скопје ги прегледувала видо записите за идентификување на други учесници во нередите од 27 април во Собранието, а се извршени и претреси и информативни разговори, јави МВР.

По наредба на судија на претходна постапка извршени се претреси во домовите на четири лица од Скопје А.Д. (43), С.П. (51), А.М. (22) и А.К. (43).

По извршениот претрес три од лицата (С.П., А.К. и А.М.) се лишени од слобода, а по насока на јавен обвинител тие се ослободени. Исто така на информативен разговор во полициска станица се повикани други три лица Т.З. (50), М.П. (22) и Л.Ѕ. (42) сите од Скопје.