Пожарот на Пелистер локализиран и под контрола

by Fokus

Пожарот што вчера избувна на Баба Планина, под врвот Пелистер, е локализиран и под контрола, потврди раководителот на Битолската територијална противпожарна единица Костадин Поповски.

Тој за МИА изјави дека професионални екипи и доброволци и денеска ќе ја следат ситуацијата на терен.

– Пожарот е во должинска линија од околу еден километар. Во текот на вчерашниот ден гореше само сува трева и опожарени се неколку хектари од тревата. Но, важно е да се истакне дека не е предизвикана никаква штета врз националниот парк „Пелистер“. На терен се професионални екипи од Битолската противпожарна единица, Дирекцијата за спасување во кризни ситуации, вработени од Националниот парк „Пелистер“ и доброволци – истакна Поповски.

Поврзани новости