Во Охрид треба да почне судењето за убиството на Димитар Матилоски

by Fokus

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото рочиште од повторениот процес против српскиот државјанин 30-годишниот Бојан Угреновиќ обвинет за убиство на 27-годишниот охриѓанец Димитар Матилоски.

Судот во Охрид на првото судење го прогласи обвинетиот за виновен, изрекувајќи му затворска казна во времетраење од 16 години. Тој ја призна вината и изрази жалење за смртниот исход.

Одбраната потоа ја обжали одлуката и пресудата пред Апелацискиот суд во Битола, кој поради одредени забелешки во врати предметот на повторено судење. На повторното судење, тој го сменил исказот.

Матилоски беше убиен пред една година на дочекот на Нова година во тепачка што се случи пред влезот на кафе-бар во самиот центар на Охрид.

Поврзани новости