„Пајакот“ работи турбо во Центар, се собираат непрописно паркираните возила

by Fokus

И овој викенд продолжува расчистувањето на хаосот и проблемот со неправилото паркирање во Дебар Маало и Градски Парк, информираа од општина Центар.

„Акцијата за отстранување на сите непрописно паркирани возила во Дебар Маало и Градски парк, денеска се спроведува од страна на ЈП ПОЦ, ЈП „Градски паркинг“, СВР Скопје и комуналните инспектори на општина Центар. Акцијата, која ќе продолжи редовно е поради сообраќајниот метеж и паркираните возила по улиците и тротоарите кои го оневозможуваа нормалното движење на пешаците и безбедно возење. Општина Центар апелира граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места – се наведува во соопштението од општината.

Поврзани новости