420
Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шутка откако од Фејсбук профилот на Игор Југ беа упатени закани до Никола Груевски. Барајќи мобилен во ќелијата на Игор Југ, надлежните вчера не нашле ништо кај него, но биле пронајдени неколку мобилни телефони кај други притвореници, брифираат извори од истражниот затвор за ТВ 24.
По ова управата решила да ги зајакне мерките на безбедност и да постави блокатори на повеќе места, со цел да ја спречи комуникацијата на притворениците преку електронски уреди, која што е спротивно од правилникот.
Од обвинителството кое го води овој случај нема одговор дали Југ бил однесен на распит во нивните простории за овој случај и дали Груевски како oштетен ќе биде повикан на разговор.