Општина Карпош засега ќе ја почитува одлуката на Управниот суд, но не се откажува од отстранување на гаражата

by Fokus

Откак Управниот суд донесе Решение за времена мерка со која и се забранува на Општина Карпош да презема какви било дејствија, сè до правосилно завршување на судската постапка за легализација на објектот гаража на семејството Петковски во Тафталиџе, со соопштение излегоа и од општината Карпош.

Од таму нагласија дека ќе го почитуваа решението на Управниот суд за привремена мерка со која ѝ се забранува да презема какви било дејства сè до правосилно завршување на судската постапка за легализација на гаражата на семејството Петковски во Тафталиџе.

„Меѓутоа, Општина Карпош не се откажува од натамошно и конечно судско разрешување на случајот со отстранување на дивоградбата и постапката ќе ја води до крај, во интерес на заштита на законите и законитоста, на јавното добро и на граѓаните на општина Карпош“, се вели во соопштението.

Поврзани новости