Општина Богданци го повлече одобрението за рудникот Казандол

by fokus

Поради резултатите од неодамнешниот референдум, општина Богданци го повлече одобрението дадено за рудникот Казандол, објави ПлусИнфо.

Одлуката е испратена до сите надлежни министерства и се очекува да се изјасни и владата.

Ваквиот чекор доаѓа по успешниот референдум во општината каде граѓаните се изјаснија против продолжување со работа на рудникот „Казандол“ и отворање на рудници на територијата на општината.

Од вкупно запишаните 6.918 граѓани на референдумот по двете прашања се изјаснија вкупно 4.321 или околу 62 отсто од гласачкото тело. 4.120 граѓани се изјасниле против продолжување со работа на рудникот „Казандол“, а 4.126 од излезените гласачи биле против отворање на рудници на територијата на општина Богданци.

Поврзани новости