Во текот на викендот бил извршен грабеж во канцеларијата на организацијата „
ЦИВИЛ – Центар за слобода“, која важи за една од оние кои критички ја обсервираат работата на владата и институциите.
Грабежот за Фокус го потврди Петрит Сараќини, еден од вработените во организацијата. Изминатите денови, во организацијата немало присутни вработени бидејќи биле на работни патувања низ земјата.
Украдени се хард дискови и лап топи, како и други предмети, додека најрастурена била канцеларијата на претседателот на организацијата, Џабир Дерала.
„Штетата е прилично голема, но интересно е тоа што се украдени хард дискови, додека има повредни работи кои што се оставени и недопрени. Една канцеларија каде што е финансовиот оддел не е чепнато ништо. Полначите од лап-топите на пример, не се украдени туку само се земени компјутерите“, изјави Сараќини за Фокус.