Норвешкиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

by fokus

Министерот за надворешни работи на Норвешка, Борге Бренде, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Двајцата министри на денешната средба ќе разговараат за натамошниот развој на билатералните односи и соработка меѓу двете пријателски земји.

На средбата ќе се разговара и за поддршката и помошта од Кралството Норвешка за што поскоро зачленување на Република Македонија во НАТО и во Европската унија, за регионалната соработка, како и други актуелни прашања од меѓународен план.

Во рамки на официјалната посета, норвешкиот министер ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, од премиерот Зоран Заев, а ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Поврзани новости