Николовски: Сеад Кочан добил 4 милиони евра од Министерството за земјоделство

by Фокус

Никола Груевски преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги задоволува газдите на медиумите задолжени за пропаганда и медиумски хајки, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски.

Откако веќе објави дека 700.000 евра за чистење на канали завршиле кај фирмата „Трансмет“, чиј сопственик Сеад Кочан е прв човек на новоотворената телевизија Нова, Николовски денеска посочи оти уште 4 милиони евра завршиле во оваа компанија.

Според него, „Трансмет“ добил тендер од над 184 милиони денари за изградба на пристапен пат за брана „Речани“ на Оризарска река, Кочани, како и близу 57 милиони денари за санација на брана Пишица – Пробиштип.

– Тоа се вкупно 4 милиони евра, пари на граѓаните, преку Министерството за земјоделство за сопственикот на „Телевизија Нова“ за кого од политичките бомби слушнавме како Груевски зборувајќи во шифри, го нарекува „оној што има Сеат Ибица“. Слушнавме како Груевски дава налог„и овие нека влезат во игра, да се задоволни сите“. Очигледно тоа бил начинот да се кројат и сите тендери од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – рече заменикот министер за земјоделство.

Поврзани новости