Наумовски: Уставниот суд му овозможи аболиција на Груевски доколку биде гонет во текот на изборниот процес

by Фокус

Укинувањето на одредбите од законот за помилување за можност да бидат помилувани и лица обвинети и осудени за изборниот криминал повеќе од очигледно е дека му требаше итно на Никола Груевски за евентуално негово аболирање доколку тоа се случи во моментов во текот на изборниот процес, а потоа по изборите што тој смета дека ќе ги добие ќе следи активирање на иницијативата за укинување на специјалното јавно обвинителство за да може да бидат спасени сите оние кои би биле обвинети и евентуално осудени за изборните и другите криминални манипулации што произлегуваат од прислушкуваните разговори, а пржинскиот договор да стане „тоалет хартија“ смета поранешниот претседател на Уставниот суд Бранко Наумовски.

„Затоа, овие избори ќе бидат уште покриминални. Криминалот тргна уште по потпишувањето на Пржинскиот договор. Опструкции од сите страни уште од почетокот, се со цел да се добие во време за што побргу одржување на изборите. Се опструираат сите договорени работи во Пржино. Повторно се прават списоци за гласање. Повторно грубо се критикува оној што не е со власта. Провладините медиуми глумат некоја балансираност. Тајно се ветува се и сешто. Се одолговлекува регулацијата на медиумите, страшно дрско, валкано, крајно неодговорно, тешко со оваа власт ќе има фер и демократски избори“, вели во писменат изјава Наумовски.

Тој додава дека вакви избори не смее да се оддржат туку, според него, потребно е формирање на експертска влада која ќе биде евроатлански ориентирана и која ќе ги расчисти сите овие манипулации.

Поврзани новости