ДОМ: Власта го злоупотреби Уставниот суд!

by Фокус

ДОМ смета дека власта го злоупотребила Уставниот суд, кој го укина Законот од 2009 година, со која Претседателот на државата ќе може да помилува лица обвинети за изборен криминал, за педофилија и силување, за трговија со дрога и за воени злосторства.

„Зошто токму во овој период е донесена оваа одлука на Уставниот суд, кога се води постапка против некои членови на владејачките партии врз база на основано сомневање дека учествувале во изборен криминал? Зарем тоа не е индиректно признание од власта дека се навистина направени изборни нерегуларности и изборен криминал во изминатите изборни циклуси?“, прашуваат од партијата.

Од таму додаваат дека со ова целосно е нарушен процесот на демократизација и вербата на граѓаните во правната сигурност и во правниот систем, како темелни вредности на нашиот уставен поредок.

Поврзани новости