На 7 март ќе се одржи трибина за употреба на канабис во медицински цели

by Fokus

Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА Скопје заедно со Кино Култура ве поканува на втората научна трибина во организација на Здружението, овој пат од чисто медицински карактер насловена како “Употреба на канабис во медицински цели во Република Македонија”.

На трибината учество во својство на предавачи ќе земат проф.д-р.Арбен Таравари-специјалист невролог и Виш научен соработник при Клиниката за неврологија; Доц.д-р Аспазија Софијанова-специјалист педијатар и професор при Медицински Факултет; Др.сци Нико Беќаровски-специјалист токсиколог и виш научен соработник при Клиника за токсикологија;Др.Дарко Костовски-специјалист психијатар при ГОБ 8-ми Септември; Асс.Др.Филип Гучев-специјалист реуматолог и Др.Игор Стојковски-специјалист онколог.

Трибината ќе се одржи на 07.03.2018 година во Кино Култура од 13.00 до 15.30 часот. Модератор на научната расправа ке биде Ивана Драгшиќи, долгогодишен активист за легализација на канабис, а воведен говор ќе одржи коосновачот и новинар Огнен Jанески.

Поврзани новости