МВР за запаленото возило на пратеничката: Прво го скршиле стаклото, па го полеале возилото

by fokus

Министерството за внатрешни работи потврди дека вчера бил запален автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од СДСМ. Според полицијата настанот се случил синоќа околу 01.30 часот во Виница на улица „Славчо Стојменски“.

„Непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на патничко моторно возило „Сеад Леон“ со винички регистарски ознаки, сопственост на С.Ш.М., ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости